ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека го поддржувал Заев во матни тендери, СДСМ возвраќа дека паничат и лажaт
Нови партиски препукувања утрово помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот на социјдемократската партија, Венко Филипче, преку матните тендери во РЕК Битола на експремиерот Зоран Заев, поддржувал поскапа струја за народот. „Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја на народот. Матните тендери во РЕК…
