Минчев се сретна со министерката на Албанија: „Делиме заедничка визија за администрација фокусирана на отчетност“
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и антикорупција на Република Албанија, Адеа Пирдени, во Тирана. Средбата се одржа во рамките на настанот посветен на Партнерството за отворена власт, иницијатива која ги промовира транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во јавниот сектор. Министерот Минчев и министерката Пирдени разменија…
