|

Зеленски ќе претстави нов план следната недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, најави дека следната недела ќе претстави нов план составен од 10 точки.

„Продолжуваме да работиме на нашиот внатрешен план, на се што е потребно за да се осигураме дека Украина е силна. Опфативме неколку точки, вклучително и културниот суверенитет, кој го вклучува културното наследство на Украина, современата култура и културната дипломатија“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Тој посочи дека е разработен и делот од планот кој се однесува на безбедноста.

Министерството за внатрешни работи и Службата за безбедност имаат изработено некои добри решенија и дефинитивно се ќе спроведеме, рече Зеленски.

Тој додаде дека детално се разговарало и за точките поврзани со енергијата и оружјето, односно со нивното производство во соработка со партнерите.

„Севкупно, има десет точки што ќе бидат презентирани следната недела и за секоја точка, заедно со граѓанското општество и со сите што се подготвени да придонесат со рационални идеи, ќе подготвиме фундаментален, доктринарен документ за Украина, за нашата отпорност“, рече Зеленски. .

Тој посочи дека еден од клучните елементи на внатрешниот план за зајакнување на Украина е нејзината економска компонента.



Слични Објави