Полицијата упадна во куќата на хрватскиот министер за здравство, цел на истрагата се и лекари и директори на болници
Претставници на хрватската полиција утрово упаднале на адресата на министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, oбјавија медиумите во Загреб.
Според првичните информации, цел на истрагата покрај министерот се и неколку високорангирани лекари, меѓу кои и директори на некои болници.
Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.