|

Откриена царинска измама од 7 милиони денари при увоз на месо

Царинските инспектори од Секторот за контрола и истраги открија царинска измама во износ од 7 милиони денари, по извршена контрола на 21 увоз на месо од еден увозник.

Дополнителната проверка на приложената документација и резултатите од лабораториските анализи утврдиле дека месото било пријавувано под погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо под соодветната ознака со повисока стапка.

Против вклучените лица е поднесена кривична пријава за царинска измама, а издадени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во вредност од 7 милиони денари.

Од Царинската управа најавуваат дека ќе продолжат со засилени мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Слични Објави