| |

Бугарија дигитализира во каталог над 5800 поштенски марки

Министерството за транспорт и врски на Бугарија дигитализира над 5800 оригинални поштенски марки во електронски каталог што ја опфаќа историјата на нивното издавање од 1879 г. до денес, јавува БТА.

Каталогот содржи податоци за авторите, темите, датумите на издавање, тиражите, техничките карактеристики, разновидностите и пробните изданија на марките.

Во галеријата е претставена и првата поштенска марка во светот на тема „Шах“, издадена во Бугарија на 29 септември 1947 г. како дел од серијата „Балкански игри“. Нејзин автор е Стефан К’нчев, кој создал најголем број бугарски поштенски марки.

Електронскиот каталог е достапен на страницата на Министерството.

Слични Објави