Ќе се гради насип кај АЕЦ „Козлодуј“ поради нискиот водостој на реката Дунав
Насип долг околу 250–300 метри ќе биде изграден кај АЕЦ „Козлодуј“ поради критично нискиот водостој на Дунав, соопшти бугарската министерка за енергетика Ива Петрова. Изградбата треба да заврши за околу 10–15 дена, јавува БНР.
Петрова изјави за БНТ дека се подготвува конкретен проект, а се разгледуваат и можности за пренасочување вода од внатрешни резервоари кон централата. Таа нагласи дека ситуацијата е невообичаена, но оти нема ризик за системот.
Во изминатото деноноќие е регистриран благ пораст на водостојот кај одделни делови од бугарскиот брег. Кај Лом нивото се зголемило за 1 см, а пораст од 1 до 2 см е измерен кај Ново Село, Русе и Силистра. Минимално намалување има кај Никопол, Орјахово и Свиштов.
Нема насукани пловни објекти, но ограничувањата остануваат во сила по целото течение на реката.

