ДЕНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИОТ МАЧЕНИК ПАРАМОН И ДРУГИТЕ ТРИСТА И СЕДУМДЕСЕТМИНА СО НЕГО

Во Витинија Азиска некој кнез Аквилин ужасно ги прогонуваше христијаните. Еднаш тој фати триста и седумдесет христијани и ги поведе со себе врзани на некое место каде што беше храмот на идолскиот Бог Посејдон. Овде изопачениот кнез ги принудуваше да му се поклонат на идолот и да му принесат жртва.

loading...

И Парамон го продолжи својот пат. Тогаш разјарен кнезот ги испрати своите слуги за да го лишат Парамон. Слугите го стигнаа, го фатија.

Преподобен Акакиј Синајски


loading...

Во својата славна книга Лествица, Св. Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј бил искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот Сатрец везден го укорувал и го навредувал Акакиј, а често и го тепал, и на сите начини го измачувал. Но Акакиј не се жалел и сето тоа го поднесувал трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашал некој како живее, одговарал: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј заминал. Старецот го закопал и отишол да му се пожали на еден свет Старец, велејќи: „Акакиј, мојот ученик, замина.“ „Не верувам, “ одговорил Светиот Старец. Акакиј не замина.“ Тогаш обајцата отишле на гробот и оној свет Старец повикал: „Брате, Акакиј, замина ли?“ А послушниот Акакиј и по заминувањето послушен, одговорил: „Не, оче, не може да замине оној што е послушен“. Тогаш оној зол Старец се покајал, се затворил во една келија близу гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го поминал во покајание и во молитва.