„РЕКЕТ“ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА- ДЕНЕСКА СЕ ИЗВЕДУВААТ МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ
Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“, а ќе бидат изнесени доказни материјали од страна на Обвинителството за организиран криминал.
Вчера првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека сака да ја пријави обвинителката Вилма Рускоска за корупција тешка 4 милиони евра.
Судскиот процес се води против Бојан Јовановски и Катица Јанева, а денеска влегува во нова фаза.
Вчера беше последното рочиште а сведочеа четири нови сведоци.
