ГОРЧЛИВ ПОРАЗ НА ТРАМП: ВРХОВНИОТ СУД НЕ ДАДЕ НИ ДОЗВОЛА ЗА ЖАЛБАТА НА ТЕКСАС

Врховниот суд не даде дозвола за жалбата на Тексас поради резултатот од претседателските избори во САД. Тоа е особено горчлив пораз на Доналд Трамп.

loading...

Американскиот претседател на заминување Доналд Трамп вложуваше големи надежи во жалбата на министерот за правда на Тексас. Трамп рече дека жалбата на републиканскиот колега Кен Пакстон е „многу солидна“ и побара и самиот да може да заземе став во текот на постапката во Врховниот суд.

Но, судот не даде дозвола за жалбата и со тоа му нанесе уште еден пораз во низа на Доналд Трамп. Тексас не поднесол докази дека има правна основа за интервенирање во резултатите од изборите во други сојузни држави, вели судот.

Пакстон поднесе жалба на официјалните резултати во Мичиген, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин. Според него, резултатите се „неуставни“, затоа што биле вклучени многу гласови од гласање со писмо, процес кој, како што тврди Пакстон, е подложен на манипулации. Зад жалбата на Тексас застанаа и министри за првада на 17 американски сојузни држави и 126 републикански пратеници. Против аргументираа 22 други сојузни држави и американски територии. Обвинетите сојузни држави ја отфрлаат жалбата како злоупотреба на правниот систем.


loading...

Доналд Трамп тврди дека му била украдена изборната победана изборите на 3 ноември преку масовна измама. Досега ниту тој ниту неговите адвокати немаат поднесено уверливи докази за такво нешто.