Сеизмолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучливо нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“. Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено…
