Средба на Пратеничката група за соработка со Италија со амбасадорот Палминтери
Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете…
