Речиси 8 милиони украински бегалци пристигнале во Европа
Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). Британија…
