Изложба со акцент на фолклорот претставија тројца уметници од РС Македонија синоќа во Софија

//

Изложба на тројца ликовни уметници од РС Македонија синоќа беше отворена во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија.

Интерпретација на теми од фолклорни и етнолошки елементи претставиja тројца уметници од Република Северна Македонија на изложба во Софија. Берат Бекири, Астрит Реџепи и Илбер Даути ја отворија изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, соопштија организаторите.

Графичките дела на авторите се распоредени во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија.

Берат Бекири е роден во 1992 година. Завршил гимназиско образование во средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово во 2011 година. Своето образование го продолжил на Тетовскиот универзитетот, на Факултетот за уметности, отсек „Графика“, во класите на Хајруш Исени и проф.Нафи Јашари. Неговите дела се претставувани на индивидуални и групни изложби во Тетово, Истанбул, Тирана, Приштина, Струга, Скопје и Куманово.

Астрит Реџепи е роден во 1991 година во Тетово. Гимназиското образование го завршил во средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“, а потоа студирал на Тетовскиот универзитет, на Факултетот за уметности, отсек „Графика“, во класата на проф. Нафи Јашари. Имал самостојни изложби во Тетово и Истанбул. Учествувал и на групни изложби во градовите Тетово, Тирана, Приштина, Струга, Скопје и Куманово.



Улбер Даути е роден во 1989 година во Тетово. Завршил во средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Студиите ги продолжил на Тетовскиот универзитет, на Факултетот за уметности, отсек „Графика“, во класата на Хајруш Исени. Неговите дела се прикажувани на самостојни и колективни изложби во Тетово, Истанбул, Тирана, Приштина, Струга, Скопје и Куманово.



Претходна статија

Германската министерка Баербок: Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска

Следна статија

Собранието го усвои Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дека со насилство

Најново од Вести