Алиу–Мемишоглу: Постои можност за уште поинтензивна македонско-турска соработка во здравството
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу. „Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична…
