Косовскиот парламент ја одби кандидатурата на Албин Курти за премиер
Косовскиот парламент денеска ја одби кандидатурата на актуелниот премиер Албин Курти за нов состав на владата, јави косовското издание Коха диторе, пренесува БТА. Со 56 гласа „за“, 52 „против“ и четворица „воздржани“, предлогот на Курти не го доби потребното мнозинство. Во обраќање пред пратениците, Курти изјави дека не успеал да обезбеди коалиција за составување влада,…
