|

Приштина доживува градежен бум, но станбениот проблем останува

За време на предизборната кампања за локалните избори во Косово, главна тема беше станбениот проблем. Сегашниот градоначалник на Приштина, Прпарим Рама – архитект со меѓународна кариера и бројни награди – стана популарен со своите иницијативи за урбан развој, кои му ја донесоа победата во 2021 година, јавува БГНЕС.

Рама, роден во 1976 година, кој живеел и работел долго време во Лондон, стана познат во Косово по учеството на Архитектонското биенале во Венеција во 2012 година и освоената награда за ентериерниот дизајн на џез барот Hamam.

Според ООН-Хабитат, 2024 година означува пресвртна точка – за првпат мнозинството косовари живеат во градовите, додека во 2011 година тоа биле само 38%. Војната од 1998–99 година уништила околу 40% од домовите и ја забрзала урбанизацијата и неформалното градење.

Во последните години, градежниот бум во Косово, особено во Приштина, бележи раст од над 40%, но и бројот на празни станови се има удвоено поради големата дијаспора. Цените на недвижностите се зголемиле за 20–30%, што значи дека лице со просечна плата треба да работи два месеци за да може да си дозволи еден квадратен метар стан.

Слични Објави