Централна свеченост по повод четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО
Денеска на платото пред Министерството за одбрана во 11.30 часот ќе се одржи централна свеченост по повод 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот.
На централната свеченост ќе се обратат првиот заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски.
Во рамки на свеченоста армиската гарда ќе ја изведе показната точка „Егзерцир“, а промовирани ќе бидат и две поштенски марки изработени по повод 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.