Пендиков пред БНР: Сè уште добивам закани
Сè уште добивам закани, но тие не се толку интензивни како на почетокот, вели Христијан Пендиков, поранешен секретар на затворениот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во интервју за „БНР“.
„Тоа е притисокот што го добиваме ние, македонските Бугари, како закани на социјалните мрежи дека сме национални предавници и ќе бидеме тепани. Колку и да звучи лошо, се навикнуваме на тоа“, вели Пендиков.
Во однос на судскиот процес што се води за нападот врз него, Пендиков вели дека е можно е напаѓачите да бидат осудени со првостепена одлука, но очекува дека тие ќе ја обжалат и после одредено време случајот ќе се заборави.
„Ако ги следиме првите чекори на (премиерот) Мицкоски, тој рече дека оваа политика нема да запре“, вели Пендиков во интервјуто во однос на обврската пред РС Македонија да ги внесе во уставот македонските Бугари.
„Со други зборови, третманот на македонските Бугари ќе продолжи да биде многу лош, но барем властите нема да се преправаат дека тоа не е така. Не сум слушнал за млади луѓе во Македонија кои се антибугари. Нема таква омраза како што се излева во медиумите. Омразата е подметната од политичарите“, вели Христијан Пендиков пред Бугарското национално радио.
