СТАПУВА ВО СИЛА РУСКАТА ЗАБРАНА ЗА УВОЗ НА ПРАСКИ

Вести Истакнато Македонија

Од денеска македонските праски нема да се извезуваат на рускиот пазар. И официјално стапува во сила
одлуката на Русија со која се стопира увозот поради наводно пронајден црв во пратките. Станува збор за времена забрана што ја објави Руската федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на својата интернет страница, но македонските власти за нејзиното воведување не добија официјално известување. Причина за тоа, според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, е отежнатата комуникација меѓу двете земји поради новата владина структура во Русија.
– Се уште никој не може да каже колкави се штетите. Да не излегуваме со никакви паушални податоци,
туку да бидеме внимателни, апелира вчера Николовски. (целиот напис прочитајте го овде)