|

Одбележуваме 87 години од смртта на револуционерката Донка Ушлинова

На 26-ти јуни 1937 г. во Варна умира револуционерката и припадничка на ВМОРО Донка Ушлинова.

Родена е 1885 г. во битолското село Смилево. Се омажува на 15-годишна возраст за Ставре Христов од битолското село Лера. На крајот на август 1902 г. со помош на јатрвата Сребра Апостолова и нејзиниот сопруга Апостол го убива месниот дерибег Џелеб Реџо Суљов. После тоа тројцата бегат во гората, каде што ја наоѓат четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов, кој што ги облекува во четнички униформи. Така Ушлинова се вклучува во борбата на ВМОРО против османското господство во Македонија. Осудена е во отсуство од османските власти, а куќата ѝ е разрушена. Во Илинденското востание учествува во близу 20 битки во Битолскиот револуционерен округ. По востанието се префрла во Бугарија и се населува во Варна. Во текот на Балканската и Меѓусојузничката војна Д. Ушлинова, заедно со својот маж, Ставре Ушлинов, е единствената жена доброволка во Македоно-одринското ополчение. Учествува во многу борби, Шарќој, Галиполи, во пленувањето на Мехмед Јавер паша, Руен и Султан тепе. За пројавен хероизам е наградена со два ордени „За храброст“ – IV и III степен. Во Првата светска војна Ушлинова постапува доброволка во Вториот пешадиски македонски полк на Единадесетта дивизија на Бугарската армија. Учествува во борбите кај Јаребична, Дојран, Круша планина и др. Наградена е со орден „За храброст“ II степен, а покасно е произведена во чин помлад подофицер и е наградена со орден „За храброст“ I степен лично од главниот командант генерал Никола Жеков. Истата награда ја добива и сопругот. След крајот на војната Д. Ушлинова, заедно со сопругот, се враќа во Варна. Добива еднократна помош со која што изградуват мала куќа.

До својата смрт Донка Ушлинова е членка на Варненското друштво на резервните офицери „Другарски сојуз“.



Слични Објави