ЧЕКОР НАПРЕД ВО РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗАГАТКАТА ЗА СТОУНХЕНЏ

///

Кој го изгради Стоунхенџ? И зошто? Посмртните останки откриени на овој мистичен локалитет ветуваат дека загатката конечно ќе биде решена.

Стоунхенџ секогаш бил опкружен со мистерија. Човечките тела откриени во самите темели истовремено ветуваат разрешница на мистериозното потекло на овој археолошки локалитет, а истовремено отвараат уште едно цело поглавје прашања.

Повеќето истражувања на Стоунхенџ обично се интересирале за неговата структура, а не за луѓето закопани на локалитетот. Но, новото истражување објавено на 2 август во списанието „Scientific Reports“ откри изненадувачки резултати од испитувањето делчиња од скелетите пронајдени таму. Се открива  дека најмалку 10 од закопаните дошле од места на оддалеченост од околу 180 километри, што го постаува прашањето зошто тие луѓе завршиле во Стоунхенџ. Овие резултати нудат скапоцени информаци за обемот на движење и трговија во неолитот, уште пред 5000 години.

Новите анализи на изотопите на стронциум апсорбирани за време на животот и сочувани во кремираната коска откриваат дека најмалку 10 од 25 анализирани кремирани индивидуи не го поминале својот живот во Весекс кадешто се наоѓа споменикот. Тие најверојатно потекнуваат од западен Велс. За време на ископувањата во 1919-1926 година во Стоунхенџ се откриени околу 58 кремирани поединци. Притоа, дополително отежнување за археолозите претставуал фактот што Стоунхенџ некогаш служел како гробишта, и тоа едни од најголемите во Велика Британија.

Уште поинтересно е дека не се само кремираните тие што потекнуваат од далечи места, туку и самото дрво што се користело како гориво за кремирање доаѓа од типично шумски предели.. Преку радиоактивен јаглен, човечките останки биле датирани помеѓу 3180-2965 и 2565-2380 п.н.е.

Според „Live Science“  тимот истражувачи ги анализирал коскените фрагменти од 25 кремирани индивидуи преку изотопи на стронциум од нивните коски. Коските на човекот апсорбираат стронциум, метал депониран во коскената срцевина што потекнува од храната и водата што ги внесувме. Истражувачите ги споредиле изотопите од стариот стронциум во растенијата, водата и забите со вредностите пронајдени кај модерните луѓе, за да откријат дека потеклото на 10 лица во западниот дел на Велс.

Ова откритие ја обележува уште една врска помеѓу Стоунхенџ и овој дел од Велс, како дополнување на фактот дека монолитите на споменикот првично доаѓале од каменоломот во Велс.



„Она што е навистина фасцинантно е дека овој датум од околу 3000 п.н.е. се поклопува со нашите податоци од испитувањето со радиоактивен јаглерод што укажуваат дека токму тогаш се испопувал варовник во Прешелиските планини на Пемброкшир [во западен Велс)”, вели истражувачот Мајк Паркер Пирсон, археолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон. „Некои од луѓето закопани во Стоунхенџ може да учествувале во трансортот на камењата од повеќе од 180 километри”.

Прито треба да се има на ум дека 180 километри можеби сега и не звуат како некое огромно растојание, но пред 5.000 години, тоа било буквално на крајот на светот.

Прашањето што се наметнува е зошто токму врската Велс-Весекс? Тешко е да се утврди каква било посебна причина зошто овие две места се поврзани. Нема докази за каква било друга силна врска во однос на трговијата.

Иако има малку докази што би им помогнале на научниците да разберат зошто се поврзани овие два региони, постојат неколку теории. Можеби Стоунхенџ е изграден за да ги обединат овие две заедници. Ова е шпекулативно, но тоа може да се сведе на лични или семејни односи што некако се развиле помеѓу двата региони.

 



Претходна статија

СО МАЖИТЕ ОД ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЉУБОВТА Е ТЕШКА

Следна статија

КАКО ИЗГЛЕДААТ НЕШТАТА СТАВЕНИ ПОД МИКРОСКОП

Најново од Култура