|

По случајот со мртвороденото бебе, Меџити бара вонреден надзор во болницата во Битола

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во КБ Битола, иницираше ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница Битола.

Министерството ја информира јавноста дека според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до МЗ, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до 7 месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана.

Првпат родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог. Истата била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja – состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход.
Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изјавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, информираат здравствените власти.

Слични Објави