| |

НЕСРЕЌА НА ПАТОТ НОВАЦИ-НОШПАЛ: ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа вчера во 10:30 часот на патот Новаци – Ношпал. Како што информира МВР, несреќата се случила помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната С.В.Т. од село Лавци, битолско, и патничко возило „даеву ланос“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот И.С. село Новаци, битолско. Во незгодата С.В.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а И.С. се здобил со телесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Слични Објави