ТОМОР МОРИНА ОД УЧК ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Кривичниот суд во Скопје ја отфрли жалбата на адвокатот Насер Рауфи, со која се бараше ослободување на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, кој беше уапсен пред 5 дена на граничниот премин Блаце, пишува Лајм.
Судот му одреди на Морина 30 дена притвор врз основа на налог издаден од српскиот Интерпол. Адвокатот Рауфи за весникот Лајм изјави дека одлуката на судот е паушална и неоснована, исто како што е налогот кој го издал српскиот Интерпол.

