ПАЧЕМСКИ: АКО СЕ ГУБАТ РАБОТНИ МЕСТА ПОРАДИ ВИРУСОТ НАЈДОБРО БИ БИЛО, ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ИЗГУБАТ СВОИТЕ

//

„Пред повеќе од 2 месеци, ГДУ неколку пати апелираше за потребата од реорганизација на производството, согласно препораките на СЗО и протоколите за безбедност во конфекциите и други погони од лесната индустрија, како и за реорганизација на транспортот на работниците.
Предложивме таму каде што не е можно да се спроведат мерките, работниците да бидат пуштени на платен колективен одмор, со единствена цел, да се сопре ширењето на Ковид- 19.
Повеќе од 2 месеци локалниот Кризен штаб не ги слушна нашите предлози, за на последниот состанок слушнеме дека само мал дел од одредени мерки ќе се спроведат.

Господине градоначалник, подобро лоша одлука на време, отколку добра одлука но задоцнета.
Ве молиме на кратко ставете се во улога на вработен во конфекција, пробајте на кратко да не размислувате како човек од бизнисот или како политичар туку како обичен човек, како еден од тие од кој ја баравте довербата пред изборите. Размислувајте како татко на градот, ама не за едни татко а за други очув.
Го слушнавме вашиот став од вчерашната седница на Кризниот штаб на кој во голема мера ги обвинивте граѓаните и дури и напишавте „да не дозволиме поради некои кои не ги почитуваа мерките да го затвориме целиот град и голем број на граѓани да останат на улица“.
Нема да биде прв пат во владеењето на СДСМ граѓаните да останат на улица, но за тоа нема да биде виновен вирусот туку владејачката структура со непреземање на соодветни мерки на време.
Повеќе од сигурно е дека секогаш ќе има еден дел од граѓаните кои не ги почитуваат мерките, но тука е системот го изменаџира тој дел. Но вие систем не направивте. Факт е дека поголемиот дел од штипјани ги почитуваа сите препораки, ограничувања, строгиот полициски час и сѐ што беше потребно, но некој не успеа да се справи со ситуацијата а тој некој не се граѓаните. Доколку не ви се допаѓа вам на власта ваквиот народ, ве молиме слободно иселете се. Можеби подобро е да се иселите вие отколку да се иселиме ние.
Ако треба некој да го изгуби работното место како што кажавте вие и пративте порака со која предизвикавте страв и паника помеѓу граѓаните, подобро тоа нека бидат политичарите, секако нема да има некоја голема загуба.
Оставете ја политиката настрана и фатете се за работа, станува збор за здравјето и животот на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ГДУ-Штип, Борче Пачемски.





Претходна статија

НЕ ЛУЃЕ А ЅВЕРОВИ: СО ПИШТОЛ ЗАСТРЕЛАЛЕ КУЧЕ СКИТНИК

Следна статија

МАКЕДОНКАТА СИМОНА НА САМО 18 ГОДИНИ ВЕЌЕ Е ДЕЛ ОД АНСАМБЛОТ НА „БОЛШОЈ“ ТЕАТАР

Најново од Вести