МАКЕДОНКАТА СИМОНА НА САМО 18 ГОДИНИ ВЕЌЕ Е ДЕЛ ОД АНСАМБЛОТ НА „БОЛШОЈ“ ТЕАТАР

/

На 18 години балерината Стефанија Гаштарска е првата Македонка која стана дел од ансамблот на рускиот „Болшој“ театар во Москва, јавува Сител. Доколку ситуацијата се стабилизира, веќе од следниот месец ќе се пресели таму.

Средното образование го завршила во Русија, една година поминала во Перм, а три токму на академијата „Болшој“. Трите години во академијата ги поминала во руски клас и заедно со уште една Италијанка биле единствените странци. Вели дека на само 18 години го живее сонот, но нејзините амбиции не запираат тука.



-Чувството е навистина прекрасно. Уште од малечка јас имав зацртано „Болшој“, театар „Болшој, академија „Болшој“, – дека сакам таму да учам и да работам. Јас сум човек што сонува на големо, јас не сонував само да бидам балерина, туку сонував да бидам Прима-балерина во „Болшој“ театар, вели Гаштарска за Сител.

Претходна статија

ПАЧЕМСКИ: АКО СЕ ГУБАТ РАБОТНИ МЕСТА ПОРАДИ ВИРУСОТ НАЈДОБРО БИ БИЛО, ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ИЗГУБАТ СВОИТЕ

Следна статија

(ВИДЕО)ТОШЕ ЗАФИРОВ: СИТЕ ГРАНИЦИ СЕ ПРЕМИНАА, ТРЕБА ДА СЕ ОТВОРАТ СИТЕ ФИТНЕС-ЦЕНТРИ

Најново од Вести