|

Четири експлозии одекнаа во Амстердам во текот на ноќта

Во Амстердам во текот на ноќта одекнаа експлозии во четири згради, на најмалку две од нив бил испишан зборот „војна“, а полицијата уапсила двајца осомничени, јави локалната телевизија АТ5.

Првата експлозија се случила околу 23 часот и 45 минути во станбениот комплекс и неколку прозорци се искршени, а полицијата набрзо уапсила двајца осомничени.

Втората експлозија се случила околу 01:00 часот и го оштетила влезот на зградата, а насилниците на ѕидот го напишале зборот „војна“.

Тој збор сторителите го напишале и на третата зграда каде што се случила експлозијата околу 03:15 часот.

Полицијата соопшти дека на местото на четвртата експлозија биле оставени експлозиви и дека реагирала Службата за уништување експлозивни направи на Министерството за одбрана, објави NL Times.



Слични Објави