Четворица кавадарчани лишени од слобода оти украле ламинат од магацин
Четворица жители на Кавадарци, на возраст од 26 до 32 години, се лишени од слобода поради сомнение дека одзеле ламинат од магацин.
„На 09.01.2026, во времето од 16:00 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат. Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
