„ЦРВЕНАТА НАФТА“ КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО ЗАГАДУВА 100 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДИЗЕЛОТ

/

Предлогот на Стопанската комора за укинување на можностите екстра лесното гориво, познато како црвена нафта, да се користи како погонско гориво, освен економски има и еколошки аспект. Според пресметките на Стопанската комора, изедначувањето на акцизата на двата енергенси може да резултира и со намалување на емисијата на сулфур во воздухот за 100 пати, односно од 50 илјади килограми на 500 килограми на годишно ниво, пренесува Фокус.

Инаку, дизелот што се продава на бензиските станици мора да ги исполнува минимум Еуро 5 нормите за издувни гасови пропишани со македонскиот стандард МКС ЕН 590, односно не смее да содржат повеќе од 10 милиграми сулфур на килограм. Екстра лесното-1 гориво, што е наменето за домаќинства и индустрија, пак, не смее да содржи над 0,1 отсто м/м сулфур, што е еквивалент на 1 000 милиграми на килограм.

Освен разликата во цената од 11,5 денари (од кои девет денари е во акцизата) меѓу еуродизелот и маслото за греење или екстра лесното гориво, има и три клучни разлики во техничките карактеристики на овие горива кои се однесуваат на нивната чистота и согорување – цетанскиот број, содржината на сулфур и точката на течење.





Претходна статија

ВРАБОТЕНАТА ВО ОНКОЛОГИЈА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА

Следна статија

ДЕСЕТТИ ДЕН ПОЖАРИ ВО ЧЕРНОБИЛ, ОГНОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН УНИШТЕНИОТ НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР

Најново од Вести