| |

Одбележyваме 155 години од смртта на големиот револуционер Спиро Џеров, брат на бугарскиот генерал Климент Џеров

На 18 јули 1868 г., на врв Бузлуџа на Стара планина во херојска борба со Турците гине големиот револуционер и народен херој СПИРО ИВАНОВ ЏЕРОВ, брат на генералот Климент Џеров.

“Спиро Џеров – Македонски е роден во Битола 1835 г. од имашливи родители. Тој од младоста пројавуваше душевни квалитети на дедо си Спиридон, водач на востанието во Битола и обесен во Битола на Грав-пазар, 1822 г. Спиро впрочем одгледуваше грозна омраза кон Турците, кои поради таа причина го прогонуваа, сакаа да го убијат; затоа тој беше принуден да ја напушти Македонија и отпатувал за Цариград, Атина, Смирна, Каиро, Александрија и Крит каде зеде живо учество во критското востание 1862 г., така што најсвечено го возпеваат како легендарен херој грчките историчари.

После завршувањето на критското востание Спиро го напушта Крит и се враќа во Битола. Со придобиеното искуство и пламената страст, тој организира востание, кое според списокот обфаќало освен цела Битола и 83 села на Битолско, уште и Леринско, Ресенско и Охридско. Чети под личното водство на Џеров правеле ноќни препади и напади на турските села… Организирањето врвело со големо воодушевување и успешно, додека грчкиот владика Венедикт не го предаде движењето на Турците. Тоа предавство на Венедикт предизвика цела бура на негодување и Битолчани до еден беа решени да го прегрнат униатството, ако патријаршијата не побрза да го отстрани од Битола владиката. Спиро впрочем беше осуден на смрт со бесење и се очеквало потврдување на пресудата од Цариград, за да се исполни. Тогаш мајка му и поголемиот брат заминуват за Цариград и таму, преку големи подкупи и влијанија, успеват не само да ја заменат пресудата, туку и да издејствуват негово ослободување. Спиро беше ослободен после 5 години строг затвор и носење тешки вериги, тој бил болен со телото. Духот меѓутоа му беше здрав, челичен. Домашните за да го отклонат од неговите опасни намери за ново востание, го принудуват да се ожени. Но останвањето на Спиро во Битола веќе било невозможно и тој заминува во 1867 г. за Србија – Белград, каде што славата за критските и битолските подвизи се носеше одамна. Тој беше повикан од кнез Михаил Обренович, кој му повери особена почесна должност. Во тоа време идат нарочно од Букурешт во Белград Стефан Караџата и Хаџи Димитар да го молат Спиро да земе учество во нивната чета, која била готова да го мине Дунав и Спиро се согласил, зашто го прогонваше само величината на заедничката татковина – целокупна Бугарија, која до болка ја сакаше и за која, како што се знае ги даде сите сили, срцето и животот.

Во списокот на таа чета Спиро фигурира трет по ред, после Караџата и Хаџи Димитар. Спиро со своето искуство е фактички водач на четата. Еден од останатите живи четници кажва, дека секој гледал на него со страхопочит. Кога лодката со четата се доближила до Бугарскиот брег, Спиро прв скокнал на суво и ја извлекол лодката до брегот, за да слезат и другите. При скокањето камата му паднала во Дунав и тоа било земено од четата за лош предзнак.

Како што е познато уште во првите битки Стефан Караџата паднал тешко ранет во плен и многу од четниците се распрснале. Спиро успеа да групира еден голем дел од четата и после долги и упорни борби заедно со Хаџи Димитар стигнале до Бузлуџа, каде заградени од секаде од силни турски потери биле убиени заедно со сите свои другари.

Спиро Џеров е еде од големите фигури на револуционерното движење против турскиот јарем и еден од ретките борци, кој го дале својот најскап дар – животот за ослободување на нашата заедничка татковина Бугарија. Тој е еден од првите патеводители, кој го посочи патот на народното пробудување и ги полжи основите за дејствување на поробениот народ од Македонија.

Спиро по својата умешност да организира и раководи ќе си остане родоначалник на револуционерното движење.“

ИЛУСТРАЦИЈА ИЛИНДЕН, октомври 1929 г.

Слични Објави