(ВИДЕО) ПЕТ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ПОПЛАВАТА ШТО СИНОЌА ЈА ПОГОДИ ОБЛАСТА БУРСА

Пет лица загинаа во поплавата што го зафатија подрачјето на Кестел во турската област Бурса, пренесува агенцијата Анадолија.

Според соопштението на гувернерството на Бурса, населбите Дудакли, Нарлидере, Ѓолџук, Сарикаја, Кајаџик и Аксу при Кестел синоќа биле погодени од поплава предизвикана од пороен дожд и град.