ВРАБОТЕНАТА ВО ОНКОЛОГИЈА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА

/

Транспортерката вработена во Клиниката за онкологија е во добра здравствена состојба откако вчера била примена во општата болница „8 Септември“, информираше денеска директорот на болницата, доктор Христијан Костов. 

Тој во телефонски разговор за ТВ24 кажа дека пациентката била на кислородна поддршка, но дека денеска дише подобро и дека откако ќе се добијат официјалните резултати од земените брисеви тогаш ќе може да се потврди дали вработената на Клиниката за онкологија во Скопје е заразена со коронавирусот. 



Информацијата ја потврди и директорот на Клиниката каде што е вработена транспортерката, Нино Васев кој вели дека информациите дека транспортерката е заболена од коронавирус ги добил од семејството и дека сепак ќе треба да се почекаат официјалните резултати. 

Претходна статија

БРОЈОТ НА ТУРИСТИ БИЛ ВО ПОРАСТ ВО ДВАТА МЕСЕЦА ПРЕД КРИЗАТА

Следна статија

„ЦРВЕНАТА НАФТА“ КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО ЗАГАДУВА 100 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДИЗЕЛОТ

Најново од Вести