ДЕСЕТТИ ДЕН ПОЖАРИ ВО ЧЕРНОБИЛ, ОГНОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН УНИШТЕНИОТ НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР

/

Пожарите во забранетата зона во Чернобил се уште се активни, веќе десетти ден по ред, и покрај напорите на украинските пожарникари кои се борат со огнот во областа и употребата на авиони кои досега исфрлија скоро 400 тони вода.

Пожарот, кој со денови ги голта радиоактивните шуми на забранетата зона во Чернобил, се приближува до саркофагот што го покрива уништениот нуклеарен реактор. Пожарот кон реакторот го наведуваат силни ветрови кои дополнително ја комплицираат работата на противпожарната служба.

Постојат стравувања дека пожарот би можел да стигне до контаминираните камиони и други возила што останаа напуштени во областа по катастрофалната експлозија во 1986 година.

Во напорите за ставање под контрола на пожарот вклучени се 366 лица и 88 возила, вклучувајќи три авиони и три хеликоптери кои вчера ослободија 370 тони вода, во момент кога Украина се бори против епидемијата на коронавирусот.



Огнената стихија тројно се зголеми во последните неколку дена и зафати скоро 100.000 хектари. Густиот чад над шумата може да се види од 30 километри оддалечениот Припјат.

Извор: Макфакс

Претходна статија

„ЦРВЕНАТА НАФТА“ КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО ЗАГАДУВА 100 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД ДИЗЕЛОТ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ СО ДОБРА ВЕСТ: БЕБЕТО ОД КОЧАНИ ПОЗИТИВНО НА КОРОНА Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Најново од Вести