Членови на локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија во скопската општина Бутел ни испратија фотографии на коишто јасно се гледа во каква состојба е училишниот двор на ОУ „Св Климент Охридски“ во населба Бутел.
На фотографиите може да видиме дека тревата во дворот не е косена годинава. Истата е прекрасен терен за појава крлежи, болви, змии, а ако живеевме по на југ, немаше да не зачуди и појавата на комодо змејови.
„Ја прашуваме локалната самоуправа, дали деца на службеници на истата учат во тоа школо и дали воопшто им е проблем тоа што децата немаат друг избор освен да играат и да се дружат во таков неуреден двор?
Прашањa и до директорот на Основното училиште:
Кога мислите да го уредите училишниот двор? Кога ќе почнете да си ја работите работата за којашто сте платени? Ги очекуваме вашите одговори и се надеваме дека нема да го чекате крајот на училишната година, за да го решите овој проблем. Здравјето на децата и нивната безбедност додека се наоѓаат во училиште треба да Ви биде на прво место, г-не директор“- се вели во повикот на Граѓанско Демократска Унија-Бутел до локалната самоуправа на Општината.