Русија освои град во источна Украина

/

Русите зазедоа град во источна Украина. Станува збор за градот Кремина во областа Луганск, околу кој утрово се воделе жестоки улични борби.

Серхи Хајдај, воениот лидер на регионот Луганск, на „Телеграм“ напиша дека во овој момент се чини дека е изгубена контролата над градот.

Тој додаде дека Русите донеле огромно количество опрема. Евакуацијата, според него, сега е невозможна. Нагласи дека четири лица загинале при обидот да побегнат од градот.

Русија соопшти дека ноќта кон понеделникот извршила масовни удари врз украинската војска и поврзани воени цели користејќи воздушни сили, артилерија и системи за воздушна одбрана.



Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската војска употребила проектили за да уништи 16 украински воени објекти во текот на ноќта, вклучувајќи пет командни центри, складиште за гориво, три складишта за муниција и објекти во кои биле сместени украински војници и воена опрема.

Извор: Temite



Претходна статија

Алијанса за Албанците со иницијатива казината, кладилниците да се преместат во хотели со пет ѕвезди

Следна статија

Младите бегаат од државата, две третини сакаат да се иселат!

Најново од Вести