| |

ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА ЌЕ БИДАТ ДОВОЛНИ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денес ги донесе преостанатите 3.510 дози вакцини од „Фајзер“, како дел од договорот меѓу Вучиќ и Заев.

Министерско примопредавање на вакцините против ковид-19. Златибор Лончар ги донесе, Венко Филипче ги презеде преостанатите фајзерови вакцини, што Србија ѝ ги отстапи на Северна Македонија.

„Благодарение на овие вакцини од Фајзер почнавме со процесот на имунизација на здравствените работници. Процесот се одвива одлично. Досега се вакцинирани околу 1.300 здравствени работници, со динамика меѓу 250 и 300 медицински лица на ден. Оваа количина ќе биде доволна за вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со пациенти заболени од ковид-19“, рече Филипче.

Покрај овие 8.000 дози од Србија, земјава очекува вакцини преку 4 механизми. Првиот е кинески “Синофарм”. Надлежните се во комуникација со компанијата и наскоро се очекува точниот датум на пристигање на овие 200.000 дози. Вториот механизам е американскиот фармацевтски гигант “Фајзер”, со кој се` уште траат преговорите и се утврдуваат деталите од договорот.

Третиот извор е руската вакцина „Спутник“. Се најавува утврдување на договорот за набавка на 100.000 дози од оваа вакцина.

Последниот извор е т.н. Ковакс-механизам, преку кој треба да се добијат вакцини на „АстраЗенека“, најавени за почетокот на март.

Слични Објави