Анна-Марија Халачева – млад научен талент од INSAIT меѓу европските успешни приказни
Анна-Марија Халачева, докторант на Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии (INSAIT) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, беше издвоена од Европската комисија како еден од примерите за успешни млади Европејци, јавува БНР.
Талентираната истражувачка е вклучена во стратешкиот документ From promise to progress: First year in office, кој ја придружува годишната програма на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претставена на 10 септември. Со тоа, Бугарија се најде меѓу ретките земји што Европската комисија ги истакнува со конкретен пример за млад научен потенцијал, информира Министерството за образование и наука на Бугарија.
Халачева е добитничка на престижната стипендија Google DeepMind и е дел од листата Forbes Bulgaria „30 под 30“ за 2024 година. Нејзините истражувања се насочени кон 3D компјутерски вид и роботика, со посебен акцент на тоа како автономните роботи ја согледуваат и ја разбираат околината со која комуницираат.
Заедно со својот тим, таа применува отворен пристап во науката, охрабрувајќи глобална соработка и иновации. Во својата работа, Анна-Марија Халачева ја има целосната поддршка од INSAIT и технолошкиот парк во Софија.

