| |

МИЈАЛКОВ ОД СИНОЌА ПОЧНА ДА ГО ИЗДРЖУВА 30-ДНЕВНИОТ ДОМАШЕН ПРИТВОР

Каде беше Мијалков повеќе од 48 часа и дали како што рече високата телесна температура “над 40” навистина го спречи да дознае дека цела држава е на нозе и го бара?

Во скопското обвинителство се води истрага, од каде за Канал 5 велат дека кривично ќе се гонат сторителите на кривично дело кои ќе идентификува МВР за што и веќе се издадени наредби. И министерот за внатрешни Оливер Спасовски во интервју за Слободен Печат, рече дека според сознанијата Мијалков цело време бил во Скопје и очекува да се расчистат сите овие дилеми.

Според Спасовски клучниот проблме во овој случај е што премногу време се изгубило – скоро 30 часа, од моментот кога обвинителството имало информации дека се подгтвува бегство, до изготвувањето на решението.. За да се превенираат вакви настани Спасосвки бара законски измени..

Тврди, тој немал никакви конаткти со Мијалков, а негира и дека имало политичко договорање..

Русковска синоќа не се видела очи в очи со Мијалков откако тој се појави во обвинителство но не верува во неговото објаснување дека бил изолиран со симптоми на Ковид. По консултација со судот ја повлекла жалбата за определениот куќен, наместо затворски притвор, а дали повторно ќе достави ново барање за притвор ќе одлучува со Ристоска и Пеливанов.

Премиерот Зоран Заев на прес-конферецијата синоќа рече дека обвинетиот Сашо Мијалков бил принуден да се пријави во Обвинителството за организиран криминал откако институциите постапиле против неговото семејство како негови помагачи во бегството, но и со закана за запленување на неговиот имот.



Слични Објави