| |

ЗАЕВ „ВЛЕГУВА“ У ФОРМА!!!

Само неколку дена по критиките за цвеќињата, Заев почна да влегува у форма. Денеска прво се појави на потпишување спогодба за покачување од 5 посто на минималната плата за вработените во основните и средните училишта. Прво си мислам дека 5 посто е многу скромно случување за толкава помпезност. Но токму на тој настан премиерот одговори на најубавото прашање: „Бројчаникот кога?“ и му идеше да извика „вечер“, ама не смеел, оти прво требаше да каже дека е со приватни пари, па ќе биде, па ова, па она. Вечерва бројчаникот се поставува за да се почувствува законот во зборовите на Заев. Дека тежи!!! „Реков-исполнив“ шема.

Премиере, време беше, ама тендерот за цвеќињата стои, а вие се фалите со покачување од 5 посто и на онака скромните (мали плати) на луѓето од образованието. Почитувајте ги нив. Мене оставете ме, јас сум никој. Јас засекогаш ќе го помнам и ќе го сакам мојот прв учител. Не дозволувајте луѓе што се сакани од голем број генерации да се понижуваат со радување на од 5 % на плата. Тие луѓе се елита. Дајте им убава плата, па пофалете се со тоа, во некоја училница, а не од говорница. Бројчаникот е топ што го правите, ама и другото е важно. Спомнувајте ги овие луѓе со почит.

Автор: Батко Тане

Слични Објави