| |

ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: НЕДОСТАТОКОТ НА ПАРИ ГО ПОПРЕЧУВА НАПРЕДОКОТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Недостигот на финансиски средства продолжува сериозно да го попречува спроведувањето на политиките во јавното здравство. Повеќе од една третина од сите здравствени услуги граѓаните ги плаќаат од својот џеб, што укажува на тоа каков е квалитетот на здравствената заштита и создавање на социјални разлики меѓу луѓето, се вели во Извештајот на ЕК , за напредокот на РС Македонија.

Во Извештајот се вели дека се воспоставени национални регистри за ретки болести, но потребни се соодветни средства за третман, а дефиницијата кои болести спаѓаат во ретки треба да се усогласи со меѓународните стандарди.

„Финансирањето и пристапот до специјалисти за лекување на ретки болести е ограничено и нетранспарентно и е оставено на здруженијата и граѓанските организации или на семејствата“, се потенцира во Извештајот на ЕК, за напредокот на државата.



Слични Објави