| |

Одбележуваме 148 години од херојската смрт на браќа Жекови

На 20 септември 1875 година, за време на Старозагорското востание во Бугарија, во штала во селото Милево, (поранешно Елхово), во херојска и нерамна битка со османлиски Турци, загинале легендарните браќа Жекови. Патријархот на бугарската литература Иван Вазов го воспеал нивниот подвиг во поемата „Браќа Жекови“ од циклусот „Епопеja на заборавените“.

Михаил Жеков и Георги Жеков (Браќа Жекови) се едни од најголемите бугарски револуционери и национални херои. Активни членови на Старозагорскиот частен револуционерен комитет на Внатрешната револуционерна организација. Тие и го помагале материјално комитетот. Активно учествувале во подготовката на Старозагорското востание (1875). Нивната куќа е место за собирање на востаниците од градот. Тие учествувале и во бунтовничка чета формирана на „Чад’р могила“.

Михаил Жеков е роден околу 1845 година во градот Стара Загора. Учи во родниот град. Бил трговец со крзно.

Георги Жеков е роден околу 1854 година во градот Стара Загора. Учи во родниот град. Бил чевлар.

Во народноослободителното движење учествувал и третиот брат Коста Жеков. Негов син е активистот на ВМОРО Никола Жеков. Улица во Стара Загора и основно училиште во градот Елхово се именувани „Браќа Жекови“.

Автор: Асен Виденов



Слични Објави