|

МАЈКА И СИН ОД ВЕЛЕС ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО НИВНИОТ СТАН

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на полицијата и обвинителството.

Според првичните информации, двете тела се пронајдени на улицата „Ѓорги Војтех“ во Велес.

„Од она што досега знаеме дека станува збор за мајка и син (мајката била стара и изнемоштена, а синот имал здравствени проблеми). На нивните тела не се пронајдени траги на насилство. Се претпоставува дека подолго време се починати“, велат извори од полицијата за „Макфакс“.

Случајот бил пријавен околу 11 часот во полиција, од страна на соседите, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите. Резултатите од увидот ќе треба да ја потврдат причината за смртта.

Слични Објави