Четворица млади уметници од школата на Рајна Кабаиванска ќе пеат на една од најпрестижните оперски сцени во светот -Националната опера во Париз
Четворица млади уметници од школата на Рајна Кабаиванска ќе пеат на една од најпрестижните оперски сцени во светот – онаа на Националната опера во Париз. Настанот е на 10 февруари, информираат од Бугарскиот културен институт во француската престолнина.
Александрина Михаилова – сопран, Вероника Симеони – мецосопран, Џузепе Инфантино – тенор, Божидар Божкилов – бас, ќе изведат познати оперски арии и ансамбли во придружба на бугарската пијанистка Борјана Ламбрева.
На програмата се дела од Бах, Доницети, Берлиоз, Верди, Пучини, ХристоВ, Леар, Сен-Санс.
Иницијативата за настанот е на директорката на Бугарскиот културен институт во Париз, Десислава Бинева, во партнерство со НБУ, каде во септември ќе се одржи 23-от меѓународен мајсторски клас на Рајна Кабаиванска.
