(Аудио) Перев: Отпорот за влезот на Бугарите во Уставот во РС Македонија не е заради т.н. бугаризација, туку поради фактот што ќе сакаме да влеземе во институциите и ќе го покренеме прашањето за историјата

//

Какво име и да се даде на некој бугарски клуб во Македонија, тие веднаш ќе се кренат против ова име и против оваа личност. Ова го изјави новинарот Владимир Перев во емисиjата „Ова е Бугарија“ на радио „Фокус“.

„Општеството во Македонија не ги сака бугарските имиња, не сака да се спомнува зборот „бугарски“. Не сака да зборува за Македонците наши претци, кои биле егзархиски свештеници или војници и офицери во бугарската армија. Ова е целосно забрането, не со закон, туку со јавното мислење, кое сурово се спроведува во Македонија“.

Македонската заедница се обидува да ги поврзе имињата на цар Борис и Иван Михајлов со идејата за фашизам и се обидува да ги прикаже како криминалци и злобници на македонската кауза, објасни Перев. „Тие се плашат од овие имиња бидејќи се симбол на слободата на Бугарите во Македонија. Цар Борис е симбол на ослободувањето на воените заробеници од југословенската армија. Името на Иван Михајлов е симбол на вечната , непрекината борба на македонските патриоти против српската воена, материјална и духовна окупација на српскиот империјализам. Целта е македонските Бугари да се чувствуваат напуштени од Бугарија и да бидат асимилирани. Ова е суштината на проблемот.”

Сакам да кажам нешто добронамерно – сите проблеми на македонските Бугари доаѓаат од политиката на Софија. „Софија ни е главниот проблем, но од Софија доаѓаат и сите наши доблести. Од Софија доаѓа и духот на напуштање на македонските Бугари. Политика на служење на руската и советската империјалистичка политика. Последните 4-5 години под власта на шефиците на дипломатиите Захариева и Генчовска, до претседателот Радев, политиката кон македонското прашање е сменета. Сега веќе не е така, се отвораат културни клубови, читалишта, Интернетот си ја врши работата. Значи последните 4 -5 години ситуацијата се развива во позитивна насока.Но јас верувам во бугарската држава без исклучок кој ќе дојде таму,само можам да кажам дека Петков нема абер за што се работи.Човекот само сака да собира поени .



На прашањето на водителката зошто Бугарите не се вклучени како државотворен народ во Уставот на РС Македонија, Перев одговори: „Според македонската заедница, ќе извршиме бугаризација на Македонија ако бидеме вклучени во Уставот. Кога ќе влеземе во Уставот на Македонија, тогаш ќе ги бараме нашите права и тоа добро се знае од владеачката елита во државата. Ќе сакаме да работиме во полицијата, во војската, во училиштата, ќе го отвориме прашањето за историјата. Тоа добро се знае и затоа во Македонија има огромен отпор против Бугарите“.

Целото интервју на Владимир Перев за радио Фокус слушнете го во аудиото што следи:



Претходна статија

Ковачевски – Катлер: Навремената размена на информации и соработката меѓу членките на НАТО важна за безбедноста на земјава и регионот

Следна статија

Првата национална карта на фашистички споменици во Италија веќе е достапна на интернет

Најново од Вести