Првата национална карта на фашистички споменици во Италија веќе е достапна на интернет

/

Повеќе од 1400 споменици, улични знаци и табели посветени на фашизмот, кои сè уште го пополнуваат градскиот пејзаж на Италија, се објавени на интернет во рамките на првиот национален обид за документирање на симболите на режимот на Бенито Мусолини, објави Ројтерс.

Додека Германија по Втората светска војна систематски ги чисти сите траги од нацистичкиот режим на Адолф Хитлер, Италијанците не приоѓаат толку строго кон отстранување на трагите од 21-годишната диктатура на Мусолини.

Веб-страницата „Места на фашизмот“ (www.luoghifascismo.it) беше претставена од Националниот институт “Феручио Пари ” со седиште во Милано после четиригодишни истражувања.

Во него се наведени популарни знаменитости како обелискот во Рим на кој со големи букви е напишано „Mussolini Dux“ (Водачот Мусолини), како и други помалку познати споменици низ целата земја.

„Ова е делумна листа… Многу добро знаеме дека не е целосно подготвена, но во моментов се разработува“, вели истражувачот и администратор на сајтот Игор Пицирусо.

Веб-страницата ќе биде проширен со предлози од јавноста кои ќе бидат проверени од експерти, рече Пицирусо.



Италија има комплициран однос со своето фашистичко минато, што сега повнимателно се следи откако премиер стана Џорџија Мелони, која во нејзината младост била обожавателка на Мусолини.

Мелони, која победи на изборите на 25-ти септември, инсистира на тоа дека таа и нејзината партија “Италијански браќа” го прифатиле мејнстрим конзервативизмот, велејќи во август дека „италијанската десница го предала фашизмот на историјата“.

И покрај тоа во октомври, партијата и нејзините десничарски сојузници за претседател на Сенатот го избраа Игнацио Ла Руса, колекционер на предмети од времето на Мусолини, кој еднаш изјави дека фашистичкиот поздрав со една рака е похигиенски од ракувањето.

Претходна статија

(Аудио) Перев: Отпорот за влезот на Бугарите во Уставот во РС Македонија не е заради т.н. бугаризација, туку поради фактот што ќе сакаме да влеземе во институциите и ќе го покренеме прашањето за историјата

Следна статија

Гала концерт на светската оперска ѕвезда од Бугарија Александрина Пендачанска во Националната опера и балет

Најново од Вести