|

Израел не е поканет на мировната церемонија во Нагасаки, Палестина е

Градот Нагасаки во југозападна Јапонија не го покани Израел на мировната церемонија што ја организира секоја година на 9 август во чест на жртвите од атомското бомбардирање на градот во 1945 година.

„Го стопиравме писмото со покана до израелскиот амбасадор во Јапонија“, рече градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки на прес-конференција.

Наместо тоа, градот му испрати писмо „во кое повикува на итен прекин на огнот“ во Појасот Газа, палестинска територија под опсада и напади речиси осум месеци.

Сузуки го оправдува изостанувањето на повикот до Израел и со желбата да се избегнат можни инциденти за време на церемонијата, поради критичната хуманитарна ситуација во Газа и тензиите што ги предизвикува во многу земји.

Нагасаки, пак, како и секоја година го покани претставникот на Палестина во Јапонија, изјавија за Франс прес. Амбасадата на Израел во Токио се уште не одговорила.

На 9 август 1945 година, три дена по првото атомско бомбардирање во историјата, градот Хирошима, Нагасаки ја доживеа истата судбина, со околу 74.000 жртви на лице место.



Слични Објави