ШЕКЕРИНСКА: ИМА ВОЛЈА ДА СЕ ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ЈО

//

„Постои волја во Собранието да се изгласа законот за јавно обвинителство, но 2/3 -те мнозинства се тешки во секое собрание, особено се тешки во нашето. Додека не се случи не се знае“- изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција по повод ратификацијата на Северноатланскиот договор во Собранието.

Таа додаде уште дека, во следните часови или денови секој од пратениците, уште еднаш ќе потврди дали е за членство на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.

„Членството наше во НАТО не е само да гласаш ратификација, туку да гласаш закони, кои доведоа до ратификацијата, да носиш одлуки кои доведоа до ратификацијата и да носиш одлуки кои се неопходни за членството во НАТО. Истото важи и за членството во ЕУ и тоа е прашање кое сите нѐ обединува“, изјави Шекеринска.

Претходна статија

ТАТКО СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА ОБЉУБИ СОПСТВЕНАТА ЌЕРКА

Следна статија

ПРОНАЈДЕНИ 22 ИЛЕГАЛНИ МИГРАНТИ ВО СРПСКО КОМБЕ НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА – НЕГОТИНО

Најново од Вести