ДИ МАРИА ГО НАПУШТА ПСЖ

По се изгледа Анхел Ди Мариа на крајот од сезоната ќе го напушти ПСЖ. Раководството на „светците“ не се задоволни од неговиот учинок и затоа се одлучија да го продадат.

Француските медиуми пишуваат дека Аргентинецот ќе се врати во Шпанија, но не во редовите на Реал Мадрид каде играше неколку сезони туку во некој од неговите најголеми ривали, Барселона или Атлетико Мадрид. Каталонците планираат промени по испаѓањето од ЛШ, а според информациите и Лионел Меси сака да го види својот сонародник на „Камп ноу“.

Договорот на Ди Мариа со ПСЖ истекува во летото 2021 година, а челниците на парижаните сакаат да ги вратат вложените 63 милиони евра, колку што изнесуваше неговиот трансфер од Манчестер јунајтед.

Извор: Спорт1

Слични Објави