Четворица струмичани пријавени за предизвикување пожари на возила
Полицијата поднесе кривична пријава против Р.П.(38), Н.Н.(29), П.Т.(41) и К.Г.(20), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“.
Според полицијата, во јануари 2026 година на влезот од селото Владевци, второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“.
На 21 февруари 2026 година, пак, пријавените опожариле патничко возило „ланд ровер“, при што пожарот се проширил и на патничко возило „форд куга“, како и на кров од куќа.
